ПОЧЕТНА А Репрезентација АНАЛИЗА: Смена на генерации?

АНАЛИЗА: Смена на генерации?

сподели
фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Колку ни е потребна смена на кошаркарската генерација и кога? Прашање што во последната репрезентативна изјава го спомена нашиот репрезентативец Бојан Трајковски, кој што е еден од ретките што има доблест да каже што мисли, природно, без да планира или да анализира или да темпира, туку, онака, човечки, од душа, кога ќе почувствува дека е дојден моментот.

фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Не дека за ова не се свесни во МКФ, со оглед на тоа што Федерацијата напорно работи на враќањето на квалитетната нега на младинските категории, или дека актуелниот селектор не знае дека ни треба свежа крв, туку дали е тоа можно во моментов и кога најскоро би можело да се случи?

фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Доаѓа времето кога природно, нашата фамозна генерација од Португалија 2006, која што до ова лето беше последната што ја врати нашата младинска кошарка во А дивизијата, го наследува просторот во сениорската кошарка и го крои патот за наследниците.

фото: Мартин Стојанов, Гевгелија
Аплицирајте веднаш за

Впечатокот е, дека последни години кога нешто сериозно се работело со кошаркарите во нашата земја, се оние кога стасувале децата родени 1986-1988. Зошто? Затоа што моменталниот ростер во селекцијата изобилува со кошаркари родени во тоа годиште, со неколку исклучоци кои што подоцна им се приклучија.

фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Тоа дека се работело квалитетно, од друга страна е и релативно, затоа што сите тие кошаркари се неверојатен спој на таленти, на кои што им требаше многу малку брусење. Тоа се Трајковски (32), Соколов (32), близнаците Стојановски (31), Костоски (30), …, дополнети од Симоновски (29), …

фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Точките ги симболизираат сите кои што во меѓувреме се менуваа во репрезентацијата и сите оние што недостасуваат, односно што дозволивме да се откажат од кошарката или да фатат друг правец. Точките, воедно ја симболизираат и празнината што ќе остане, кога овие ќе се повлечат…

fiba.europe

Во февруари го играме последниот меч во овие (и дај Боже веќе да не играме) претквалификации, на кој што би требало да победиме за да бидеме максимални, а може и да загубиме до 14 на гостувањето па повторно да бидеме први, со оглед на победата во Скопје (90:76).

фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Андреј Магдевски (22) блесна на мечот со Косово, но ни треба таков и се подобар Магдевски постојано, особено во посилната конкуренција, каде што очекуваме да се најдеме веќе по мечот со Романија.

Стојан Ѓуроски (27) е друг човек откако е на „летување“ во Шпанија, во втората шпанска лига каде што пиринејско-средоземноморската клима и тоа колку му годи, или, пак, каде што му се дава вистинска шанса, да игра и да напредува.

фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Бојан Крстевски (29) и Андреј Маслинко (21) беа во ростерот, но под притисокот на резултатот и на императивот победа, не добија значителна минутажа, а пит булот во одбраната и ладнокрвниот без-разлика-колку-ќе-промаши-претходно шутер, Димитар Караџовски (34) воопшто не заигра.

Играчите еднаш ќе мора да ја добијат таа проклета доверба, ќе мора да ја добијат таа минутажа што ги прави играчи, ќе мора да заиграат, да загубат или да добијат натпревар. Но, во клубовите. Не потенцираме еден конкретно, туку тоа важи за сите, играчи и клубови. Во репрезентацијата, не смееме да си играме, тука има еден или два клучни натпревара без шанса за поправен.

Стајиќ (Работнички) и Мекиќ (Куманово) играа заедно во МЗТ Скопје.

Бобан Стајиќ (25) и Адем Мекиќ (22) беа последните што испаднаа од конкуренција за овој натпревар, а единствената наша природна центар-петка, Љубомир Младеновски (23) се повреди пред почетокот на натпреварот.

Тука некаде завршува потенцијалот што го имаме во моментов, со најава во имињата Виктор Ефремовски (20), Ранко Мамузиќ (20), Дамјан Крстевски (19), Славчо Темелковски (18) и Андреј Настовски (18) кои што сме ги виделе на сцената, и уште неколку што ѕиркаат од позадина и ја чекаат својата шанса.

фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Проблемот со нашите кошаркари е што тие немаат проблем, вроден, туку имаат проблем со местото каде што растат и каде што треба да станат кошаркари. Тоа место се вика кошаркарска средина, во која што егзистираш. Кога ќе се сменат поставките, кога ќе се смени приодот, кога ќе се смени менталниот склоп, ќе си дојде резултатот.

фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Всушност, не треба нешто драстично или коренито да се менува, туку само треба да се врати она старото, добро, кошаркарско школо. Таквата промена, трае кратко. Веќе има такви најави. Дотогаш, момчиња, издржете и не се откажувајте!!!