ПОЧЕТНА Избор на уредникот АНАЛИЗА: Оставка или електрошок?

АНАЛИЗА: Оставка или електрошок?

сподели

Ако управата на МЗТ Скопје Аеродром ја прифати оставката на Александар Тодоров, ќе ја направи најголемата грешка во поновата историја на македонската кошарка.

Добро е што Тодоров има доблест да признае кога нешто не оди, добро е што признава дека неговата екипа на игра добро, оние играчи што тој ги донесе. Но, приказната има уште многу детали, многу повеќе од доблеста на Тодоров. За МЗТ се работи!!!

Аплицирајте веднаш за

Во вакви ситуации, нормално е да се најде најлесниот начин екипата да почне да игра, а тоа скоро секогаш се прави со обезглавување на телото, а главата е тренерот.

Но, металците се во специфична ситуација.

Уште понормално е, по еден ваков голем и болен пораз во едно вечно дерби, што доаѓа по серијата порази во АБА лигата и претходно дома од Блокотехна и Соколи, кормиларот да истапи од и пред стројот и да каже – „Јас сум виновникот, си одам“.

Но, треба да се преспие, со ладни глави се размислува трезвено, а скоро секоја „жешка“ одлука е погрешна.

Треба да се играат многу натпревари во кратко време, кој и да дојде на клупата на МЗТ Скопје, нема да ја смени преку ноќ ниту формата, ниту психологијата, ниту генерално ситуацијата во ростерот.

За се, буквално за се, треба време!!!

Прашање на време е, кога овој „скуп“ ќе почне да игра, потребен е само еден единствен „свич“, а тоа во моментов не е тренерот.

Не, Тодоров не ни платил да ја напишеме анализава, ние така мислиме и го кажуваме тоа што го мислиме, аргументирано и во разговор и со други наши квалитетни стратези!

Како што треба време да се уигра овој нов состав на МЗТ Скопје, кој што (комплетен и некомплетен) има само три квалитетни натпревари, но со многу реални проблеми од претходно и во моментов – повреди и слично.

Судбината сакаше тие три средби да бидат со Будуќност, Цедевита и Работнички.

Згора на се, ова е екипа што ја кроеше Тодоров и тој најдобро ја познава. Едноставно, нема време за уигрување со друг стратег, со друга тактика, со друга филозофија.

Играчите треба да смогнат сили да ја истуркаат барем полусезоната во овој калап, а потоа можеби и може да се направи некаков рез.

Луѓе, за се треба време! Се што е инстант не чини, едноставно не чини. На Работнички му треба здрав МЗТ, како што на МЗТ му треба квалитетен Работнички.

Овие две есенцијални алки на македонската кошарка не одат една без друга, а нашата кошарка не оди без нив.