ПОЧЕТНА ЕВРОПА Анадолу се изедначи со Фенер, по победата во меѓусебниот дуел

Анадолу се изедначи со Фенер, по победата во меѓусебниот дуел

сподели

Второто истанбулско дерби меѓу овие два тима, во само 5 дена, заврши со триумф на некогашниот гигант на турската кошарка кој што го совлада актуелниот, со 67:65.

По водството 58:63 екипата на Обрадовиќ постигна само два поена во финалните минути, а домаќинот постигна 7 врзани поени за пресврт и уште два за победа.

Андерсон го предводеше победникот и беше најдобар стрелец на натпреварот, со 23 поени. Зад него беа неговиот соиграч Мицов и Слукас од гостинската екипа, со по 14.

Двата тима имаат по 15 победи и 3 порази на врвот на табелата во турската премиерна кошаркарска лига, но Фенербахче е на првата позиција и има подобар меѓусебен скор (86:79).