ПОЧЕТНА Други првенства Американците триумфираа на ФИБА Америкуп 2017

Американците триумфираа на ФИБА Америкуп 2017

сподели

Селекцијата предводена од Џеф Ван Ганди ја совлада Аргентина со 81:76 и непорезена (5/0) ја освои титулата на континенталното првенството на земјите од западната хемисфера.

Џеф Фан Ганди последен пат беше тренер на НБА екипата Хјустон Рокетс, во периодот од 2003-та до 2007-та. Во меѓувреме работеше како стручен коментатор во НБА преносите на ESPN.

Иако губеа и со 20 негатива во второто полувреме, кошаркарите (главно) од развојната лига на НБА лигата, успеаа да го освојат 7-миот златен медал на биеналето на американските земји, прв за нив по 2007-та година.

Аплицирајте веднаш за

Џамил Варни од Тексас Леџендс беше избран за најкорисен играч (МВП), на турнирот што се одржуваше во Аргентина, Колумбија и Уругвај. Во финалето, тој постигна 21 поен со 7 скока.

Во составот на САД имаше и двајца играчи од НБА лигата, Пламли од Клиперс и Хилард од Пистонс.

Вториот беше избран во идеалната петорка на шампионатот, заедно со најдобриот кошаркар на првенството, Аргентинеците Факундо и Брусино и Мексиканецот Круз.