ПОЧЕТНА Женска кошарка Американките го зачуваа легендарниот статус на нивната репрезентација

Американките го зачуваа легендарниот статус на нивната репрезентација

сподели
fiba.basketball

Женската селекција на САД по трет пат во низа се закити со златниот медал на мундијалите, со победата против Австралија (73:56) во финалето на СП што се одржуваше во Шпанија. Тоа беше вкупно 10-то злато за дамите на најкошаркарската нација.

Американките обезбедија место на ЛОИ во Токио 2020, против Австралијките кои што последен пат играа во финалето 2006-та кога ја освоија титулата (тогаш Русија ја совлада Америка во 1/2 финалето).

Аплицирајте веднаш за

МВП на турнирот е Бриана Стјуарт од Сиетл Сторм, а во идеалната петорка и се придружија сонародничката Диана Тураси (Екатеринбург, Русија), Асту Ндур (Чикаго Скај) од Шпанија, Ема Мисеман (Екатеринбург, Русија) од Белгија и Лиз Кембиџ (Далас Вингс) од Австралија.

Бриана Стјуарт (fiba.basketball)

САД стигна до златото без пораз (6:0), ова е прв пат женската селекција на оваа земја да реализира златен трилинг, има повеќе златни медали од сите други селекции заедно (8) и во својата колекција има вкупно 13 медали од СП.

Екипата на САД на ЛОИ 1996 (USA Basketball)

Ерата на Американките почна 1996-та година, на ЛОИ во Атланта. Оттогаш, со скор 100:1 тие освоија 6 последователни олимписки злата, пет светски и една бронза, на кои што го додадоа и златото на првенството на Америкa (FIBA Americas Championship, често насловувано како првенство на сите Америки, затоа што учествуваат само земјите од западната хемисфера) во 2007-та.