ПОЧЕТНА Интернационалци Александар Тодоров руши рекорди во Романија

Александар Тодоров руши рекорди во Романија

сподели

Откако ги одигра сите натпревари, тимот на македонскиот стручњак во романското првенство се искачи на чело на табелата во тамошниот шампионат.

Во последното коло Крајова го победи најтрофејниот романски клуб Динамо Букурешт со 76:69 и по осум кола е неприкосновен лидер со биланс од 7 победи и 1 пораз. Меѓу другото, ова е најдобар старт во кратката историја на клубот. Најбрзо до 7 победи претходно екипата стигна во сезоната 2012/13, во десеттото коло.

Единствениот неуспех, и тоа доста убедлив, Крајова го забележа во четвртиот круг кога загуби на гости кај Клуж со 95:68.

Крајова е клуб кој постои само 11 години и досега нема поголеми успеси. Лани заврши на седмата позиција на табелата, но оваа, под водство на Александар Тодоров е еден од најсериозените кандидати за шампионската титула.

Член на овој тим е поранешниот плејмејкер на МЗТ Скопје, Карпош Соколи и Кожув, Игор Мијајловиќ кој е еден од најважните играчи во екипата.