ПОЧЕТНА Младински школи Активен ден за младите кошаркари на МЗТ Скопје во Холандија

Активен ден за младите кошаркари на МЗТ Скопје во Холандија

сподели
фото: МЗТ Скопје

Ландштеде се покажа како одличен домаќин за експедицијата на МЗТ Скопје која пет дена ќе биде гостин на овој холандски клуб.

фото: МЗТ Скопје

По пристигнувањето и адаптацијата, вториот ден беше исклучително исполнет за младите кошаркари на клубот од Аеродром. Во претпладневните часови беа дел од наставната програма на Спортската академија на Ландштеде и го посетија стадионот на холандскиот фудбалски прволигаш Цволе за кој една сезона настапуваше поранешниот македонски репрезентативец Ѓорѓи Христов.

фото: МЗТ Скопје

Попладнето беа одиграни два пријателски натпревара во кои кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа порази. Во едниот, генерацијата 2004 загуби со 38:63, а во вториот, мешаниот тим од играчи родени 2004 и 2005 е совладан со 41:65. Мора да се истакне дека резултатите од два натпревара се во втор план бидејќи најважно од овие пет дена во Холандија е другарството и заедничкото учење на младите кошаркари.

фото: МЗТ Скопје

Во продолжение од престојот во Цволе, играчите на МЗТ Скопје ќе имаат туристичка посета на Амстердам, а в четврток ќе одиграат уште еден натпревар со своите врсници од Ландштеде.