ПОЧЕТНА АБА Ако АБА не покаже дека е сериозна организација, нема да постои!

Ако АБА не покаже дека е сериозна организација, нема да постои!

сподели
фото: ABA/Buducnost Voli

Се повеќе се критиките на сметка на раководството и учесниците во регионалното натпреварување, по срамното финале во кое учествуваа Црвена Звезда и Будуќност, а како победник излезе српскиот тим.

По низата функционери на двата клуба, се јави и Вук Митровиќ, директор на компанијата „MYD Sports“ која ги има маркетиншките и ТВ правата за АБА лигата. Во интервју за весникот Недељник тој порача дека неодамнешните случувања придонесоа за негативен имиџ на лигата.

„Тоа што го видовме во финалната серија е под секое ниво, сликите што ги видоа милиони гледачи, за тоа твитаа угледни луѓе од спортот и новинари, дури и од простори каде кошарката не се следи.

ABA

Речникот на високи претставниви на клубовите што играа во финалето е срамно. Тоа ни го рекоа и поединечни спонзори и ТВ партнери, а особено го истакнаа потенцијални спонзори со кои месеци, па и години, работите на нивно вклучување во овој проект. Се е вратено една година назад, кога исто така дојде до откажување на соработката со големи брендови поради случувањата во ланското финале.

АБА лигата мора да покаже дека е сериозна организација или таа веројатно повеќе нема да постои, барем не во овој формат, а ние сигурно нема да биде дел од некоја нова евентуална творба.

фото: sport.ba

Почитувајте ги екипите, играчите, тренерите, судиите, но и своите гледачи. Почитувајте ги партнерите, спонзорите и сите договорни обврски и водете сметка за својот имиџ.

Ние тука можеме само да помогнеме, но АБА лигата и нејзините основачи можат да уништат се, па и својот имиџ и натпреварувањето. И изгледа дека сериозно се трудат тоа да го направат. За среќа, не сите“, порача Митровиќ.

Црвена Звезда во финалната серија го победи Будуќност со 3:2, но на сите пет натпревари имаше тензија како да се работи за живот или смрт.