ПОЧЕТНА Избор на уредникот Аеродром „се пали“ на Трајковски, се роди нова „љубов“

Аеродром „се пали“ на Трајковски, се роди нова „љубов“

сподели

Шпекулациите дека во МЗТ Скопје го криеле договорот поради некаков антагонизам меѓу публиката од Аеродром и нашиот повремен репрезентативец Бојан Трајковски никогаш нема да бидат потврдени или демантирани.

Едно, она најважното, е сигурно – беа надминати со извиците на среќа, задоволство и еуфорија што доаѓаа од трибината каде што се најверните навивачи на сино-белите, по неговите потези на мечот со Партизан.

Аплицирајте веднаш за

Трајковски беше еден од творците на првиот триумф на македонскиот шампион, сезонава во АБА лигата.

Ни помалку, ни повеќе, тоа беше победа против најтрофејната екипа во регионот, која што со каков состав и да игра, секогаш треба да се респектира.

Фемили „во цивилка“ (затоа што навивачката група официјално се уште протестира против клубот) и Бојан Трајковски, комуницираа како никогаш да не биле спротивставени табори, како никогаш да не ги вкрстиле копјата во битките за трофеите, како да се заедно „од почетокот“.

А друг начин и не треба, односно не смее да постои, кога разменуваат погледи и знаци на меѓусебна поврзаност, фановите и играчите.

Далеку се Фиго и Барселона (моментот со главата на свињата), Леброн Џејмс и Кливленд (моментот на палењето на дресовите), од нашава државичка и нашиве играчи и клубови кои што може да се избројат на прстите на половина дланка.

Премалку сме, кошаркарски земено, во моментов, да се „понашаме“ шпански или американски. Треба еднаш да сфатиме дека разединувањето многу и скапо не чини, а обединувањето ни носи успеси, на сите полиња.

Напред МЗТ Скопје, одбрани ја македонската чест во АБА лигата. Со среќа во новиот дрес, Бојане Трајковски.

Искористете ја шансата и сезонава пласирајте се што погоре на табелата, дај Боже да Ве гледаме и во плеј-фот на регионалното натпреварување.