ПОЧЕТНА НБА Адетокумбо и Херис играчи на неделата во НБА

Адетокумбо и Херис играчи на неделата во НБА

сподели

Јанис Антетокумбо од Милвоки Бакс и Тобајас Херис од ЛА Клиперс се избрани за најдобри играчи за оваа недела во НБА лигата.

Ѕвездата на Милвоки до признанието за најдобар играч на Истокот стигна откако изминатава недела на четири натпревари просечно постигнуваше по 32,8 поени, 14 скока и 6,5 асистенции. До наградата стигна пред двоецот на Детроит, Блејк Грифин и Андре Драмонд, Џоел Ембид од Филаделфија, Кавај Ленард од Торонто и Никола Вучевиќ од Орландо.

Аплицирајте веднаш за

Херис е прогласен за најдобар кошаркар на Западот, предводејќи ги своите ЛА Клиперс до 3 победи и само еден пораз. Притоа, тој просечно постигнуваше 24,8 поени, 8,8 скока и 1,8 асистенции.

Херис до признанието стигна пред тандемот на Мемфис, Марк Гасол и Мајк Конли, Кевин Дурант од Голден Стејт и Карл Ентони Таунс од Минесота.