ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АВ Охрид не дозволи изненадување

АВ Охрид не дозволи изненадување

сподели
фото: ohridnews.com

Четврта победа за охридскиот прволигаш кој полека обезбедува опстанок во елитата уште во оваа фаза од првенството.

Пред своите навивачи убедливо го победи Шкупи со 96:73 не дозволувајќи му на противникот да се надева дека може да дојде до првиот триумф во сезоната.

Донески со 17 поени го предводеше АВ Охрид за кого ова беше прва победа во пролетниот дел од сезоната, односно прва по пауза од три месеци.

Идентичен број поени постигна и Маркус Форд за екипата на Шкупи со тоа што додаде и 11 скока. Дабл-дабл со 15 поени и 11 скока оствари и Хот.