ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АВ Охрид го отпушти Бери

АВ Охрид го отпушти Бери

сподели

Иако најдобар во досегашниот дел од сезоната, Реми Бери доби отказ од раководството на АВ Охрид. Својата одлука охриѓани ја образложија со соопштение.

„Реми Бери не е повеќе кошаркар на АВ Охрид. Патиштата ни се разминаа со Бери, кој прекрши и одредени правила во клубот. Му се заблагодаруваме за придонесот во клубот и му посакуваме се најдобро понатаму“, стои во соопштението од АВ Охрид.

Бери не играше ни на заостанатиот натпревар против МЗТ Скопје, како и оној против Карпош Соколи во 11. коло од Првата кошаркарска лига.