ПОЧЕТНА АБА АБА лигата со три претставници во Еврокупот идната сезона

АБА лигата со три претставници во Еврокупот идната сезона

сподели

Второто по квалитет европско кошаркарско натпреварување – Еврокупот ги објави критериумите и бројот на учесници за идната сезона.

Според него, од регионалната АБА лига, во која претходната натпреварувачка кампања учествуваа две македонски екипи, ќе има три претставници. Според пласманот, тоа треба да бидат Партизан, Цедевита и Будуќност, се разбира, ако тие изразат желба и подготвеност за учество. Партизан веќе поднесе апликација за настап, а се очекува наскоро тоа да го направат и другите две екипи.

По три претставници за новата сезона им следуваат уште на Шпанија и ВТБ лигата, по два ќе имаат Франција, Италија, Турција и Германија, а по едно Грција, Израел, Литванија и Полска. Евролига, под чија капа е Еврокупот, го задржува правото да додели три специјални покани.

Аплицирајте веднаш за

Во новата сезона, Еврокупот ќе брои 24 екипи, но системот нема да се менува во однос на последната кампања во која учествуваа 20. Шампионот повторно обезбедува учество во Евролигата.