ПОЧЕТНА АБА АБА лигата не пропаѓа, веќе почнаа подготовките за новата сезона

АБА лигата не пропаѓа, веќе почнаа подготовките за новата сезона

сподели
фото: ABA

Третото издание од Суперкупот во регионалното натпреварување ќе се одржи од 26-ти до 29-ти септември оваа година во Загреб, во арената “Дражен Петровиќ“.

На него ќе учествуваат првопласираните шест екипи од основниот дел на сезоната во АБА лигата, а специјални покани добија домашниот тим Цибона и победникот во АБА 2, Приморска.

Можно е во полуфиналето да има ново големо дерби, меѓу Црвена Звезда и Партизан, но и загрепска пресметка меѓу Цибона и Цедевита.

Претходните две изданија од Суперкупот на АБА ги освоија екипите на Цедевита и Црвена Звезда.