ПОЧЕТНА АБА АБА ДИГНА РАЧНА: Ова е единствениот начин да ни се приклучи Олимпијакос

АБА ДИГНА РАЧНА: Ова е единствениот начин да ни се приклучи Олимпијакос

сподели
euroleague.net

Претседателот на регионалната кошаркарска лига молчеше долго, но се огласи по двете клучни прашања за опстанокот на регионалното натпреварување, онакво какво што го знаеме.

Игор Додик изјави дека единствениот начин, грчкиот претставник Олимпијакос да им се приклучи на јадранските клубови следната сезона, е апсолутна согласност од сите учесници.

„Грчката екипа може да игра АБА, но тоа ќе биде разгледувано на следното Собрание на 24-ти мај, во Бања Лука.

Sportske.ba

Би било одлично од сите аспекти, да го имаме и олимпијакос, но јас не решавам за тоа, туку клубовите.“ – изјави Додик, на Алтернативна ТВ.

Олимпијакос ќе ја заврши сезоната во Грција со релегација во понизок ранг, затоа што ќе одбие да настапи против Патрас поради делегирање на судијата Анастопулос, кој што беше споменат во дописот на Пирејците како „човек на Панатинаикос“.

Другото прашање што е наметнува, е како ќе изгледа АБА лигата селдната сезона, со оглед на тајниот состанок на не-српските екипи, инициран од Будуќност, што ќе се одржи во Загреб.